2.2.2011 г.

ЕГО ТРИП

Многу долго време ми требаше да го ставам првиот пост на блог.
Вчера конечно го напраив тоа и искрено мислев дека долго време ќе помине за пак да добијам инспирација и да седнам да пишувам.
Али не бре....на мое изненадување и денес имам тема за која би сакала да кажам збор-два, па чак и три :)
Еден од коментарите на првиот пост беше од другарка ми Марија:
Цитирам:”што ако и ти прави муабет, и очигледно флертува, ама никако да иде таа "extra mile" да ти побара контакт. И сега можеби ќе кажеш дека жената треба да побара број, и јас сум го правела тоа, ама во тој момент некако чудно се менува односот на силите, обично му се креваат акциите и ништо не постигнувам”.
И не дека го знам одговорот на ова прашање :) Али познавам доста луѓе и машки и женски, кои во принцип бараат само предизвик. И оној момент кога ќе го постигнат тоа што го наумиле, губат интерес. Некогаш не мора ни да ја остварат целта, доволно е само да насетат дека “they can, if they want” и веднаш се повлекуваат :)
Имам другар, што баш важи за скопски фраер (иако мене ми се повраќа од такво класифицирање на луѓето у нашиот град), али го потенцирам за да добиете подобра слика на тоа што сакам да го кажам.
И мојот другар у секое време има по неколку девојки, на stand by.
Една од тие девојки, беше за нијанса попаметна од другите и откако виде дека му е само златна резерва си фати дечко.
Мојот другар кој до тогаш и се јавуваше еднаш неделно и ја глеаше еднаш на две недели, откако слушна дека фатила дечко-напраи све, ама баш све за да ја врати назад.
Пошто не му успеа, се убеди дека е смртно заљубен у неа и ни почна тортура на сите нас у негова близина како ја изгубил љубовта на својот живот.....процес што сеуште трае, мада thank God со намален интензитет у последно време :)
Моето прашање у сето ова е: кај е бе тука љубовта?? Кај се емоциите?? Кај е почитувањето ……..and so on, and so on……
Уствари да се корегирам.....не дека нема љубов, не дека нема емоции...ги има....ама кон самиот себе, не кон другата личност :)
Во ситуации како погоре опишаните it is all about man’s ego !!!!
Како бе сеа он да прифати дека до вчера си трчала по него а од денес више не ти е битен :) Имаш ли ти памет девојко што праиш??
Па треба ли некој да му ја храни самодовербата и да му го пумпа егото :)
ахххххххх
И така напуштен од сите, неразбран и сирот, уморен од све и без воља за ништо ќе си се врати дома.....зошто тамо е спасот :)
Тамо му е единствениот верен сојузник, рамо за плачење у добро и зло,
потпора на која секогаш може да смета и личноста што му се притресува и не го остава да созрее и да стане возрасен и зрел човек: МАМИЧКА :)

5 коментари:

  1. Znaci inspiracija ti se mashko zhenski odnosi. Seto ova shto go pisha mislam deka mozhe i da se odnesuva na sprotivniot pol. Mnogu retko lugjeto se svesni za ljubovta ili pak znaat da dadat ljubov. Vo sekoj sluchaj raboti megju dvajca se sluchuvaat zaradi ljubov:), pa makar i da trae 20 minuti ili 24h, ili 24 godini. Pa makar i da ednosteana, iku pak da formira triagolnik. Postoi edna maksima, ubavo e dodeka trae ljubovta :). Nekoj mozhe da ja zgasne zosto ne ja neguva, nekoj mozhe da ja isforsira od zhelbata pobrzo da ja realizira itn, Ama sepak
    ljubovta se rodila i opstojuvala odreden period. I ne e strashno nekoj da se saaaka sebesi povekje od se, povekje se plasham od tie shto se mrzat sebesi i gi mrzat drugite. A drufar ti valjda kje stane svesen sto navistina saka i sto navistina mu treba. Ima vreme da nauchi i da se pronajde...
    Pozdrav od Lepa i Alek :)

    ОдговориИзбриши
  2. Честито блог бејби! одлично....keep doing!

    ОдговориИзбриши
  3. baby, me osvezi posle naporna nedela :)) prikaznava so drugar ti bas me nasmea, nego sega me interesira prikaznata za devojkata sto fatila decko. Znaci ima mazi sto se 'boyfriend material'. Koj e toj tip i kako da go prepoznaeme?
    pozdrav od Germany, kiss!

    ОдговориИзбриши
  4. Се слагам у принцип. Уствари...се слагам.

    А што се тиче давање и зимање број, мислам дека е јасно...ако не бара број...тоа значи дека не бара број (може е заузет, а може е и уплашен од самодовербата на девојката па као тинејџерка некоја сака работите да се одвиваат полека)

    Така да...закључокот би бил.....НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД СМРТТА...СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЉУБОВТА КАКО ОД ЖИВОТОТ...ако тоа има смисла.

    Уствари шо Anonymous....знаеш кој е...ха ха ха.

    ОдговориИзбриши
  5. P.S. Датумов на постирање...ха ха ха...

    02.02. Педер бе човече...се лигави, а ја имаше у руки...а ха ха ха.

    Добар сенс за датум нема што.

    ОдговориИзбриши